Колку е длабока вагината и останати прашања кои ве интересираат

Некогаш на сите ни паѓаат на памет прашања чии одговори би сакале да ги дознаеме. Иако е доста чудно да разговарате за нив со други луѓе, сепак постои начин да ја задоволите вашата љубопитност со одговори кои треба да ги знаете.

Еве неколку одговори на прашањата кои отсекогаш сте сакале да ги дознаете:

Колкава е длабочината на вагината?

Вагината во просек е длабока 7-8 сантиметри. Најсеопфатното истражување во врска со вагиналната длабочина е направено од Вилијам Х. Мастерс и Вирџинија Е. Џонсонс. Овој податок е содржан и во книгата „Човечки сексуален одговор“  на Д-р Ана Лоренс,  познат психолог и сексолог.

Дали со стимулацијата на вагината се зголемува нејзината длабочина?

Овој одговор исто така го има истражувано Д-р Лоренс при што открила дека за време на возбуда вагиналната длабочина се зголемува и изнесува  во просек од 11-12 сантиметри.

Може ли една вагина да се прошири?

Како што може при оргазам да се издолжи, по истата логика може и да се прошири при возбуда. Според книгата The Science of Orgasm вагиналниот канал за време на сексуална возбуда се релаксира, а со тоа и се проширува со цел за полесно оплодување на јајце клетката.

Дали клиторисот се зголемува?

Исто како и пенисот кога доживува ерекција и клиторисот се зголемува, со тоа што ќе се наполни со крв, ќе стане почувствителен и поголем.

Дали ако го насочам тушот кон вагината со тоа ќе се исчисти?

Интересен  податок за вагината е што може сама да се чисти.  Тоа значи дека не е потребно кон вагиналниот отвор да насочувате вода за да влезе внатре ниту пак да се обидете со прсти да нанесете во неа течни миризливи сапуни. Тоа може само да допринесе за создавање на влажна средина која како што знаете е идеална за бактерии, а сапуните може да допринесат за создавање на иритации и чешање.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.