недела, 29 ноември 2026
Најново

Колку калории се трошат додека стоиме исправени?

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Ако работите исправени зад бирото со надеж дека ќе согорите повеќе калории во текот на денот, тогаш имаме една непријатна вест за вас.
Научниците од Универзитетот во Јужна Каролина направија темелно истражување на тоа колку калории гори човек кога е во исправен, седнат и кога оди во рок од 15 минути.
Излегува дека стоењето во исправена положба за четвртина час предизвикува само околу 2 калории поголем трошок на телото отколку ако тоа е во седечка позиција, т.е. 8-10 калории на час, кои се крајно недоволни за да ја променат на некој начин вкупната тежина, тврди д-р Сет Кријзи, автор на студијата.


Повеќето луѓе веруваат дека стоењето исправен помага за значително горење калории, бидејќи во таа положба се активираат најголемите мускулни групи – оние на нозете. Тоа, сепак, не се случува, освен ако човек не се движи додека е во исправена положба, објасни Кријзи. Научниците измериле и колку калории се горат во текот на одење во рок од 15 минути. Резултатите покажуваат во просек околу 56 калории, што е за неколку пати повеќе отколку потрошувачката на телото во мирување. А сепак стоењето не е бесмислено.

Поврзани вести