Колку нечистотија содржи четката за коса?






Интернет-платформата „Тикток“ важи за ризница на трикови за мода и убавина. Така, еден од новитетите е видео објавено од корисничката @everything_tidy коешто покажува колку нечистотија содржи една четка за коса…

„Можеби главната причина за мрсна коса не е самата коса, туку четката што ја користите. Сега ќе го тестирам тоа. Сите четки ги ставам во мијалникот и ќе ги оставам така некое време. Ставив топла вода и шампон во мијалникот“, појанува „тиктокерката“.
По извесно време, се покажа резултатот – заматена и сива вода.

„Ги оставив четките во вода еден час, а потоа се вратив да ја проверам состојбата… Одвратно е! Дами, не заборавајте да ги измиете четките што ги користите за стилизирање на косата“, советува девојката.

„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Фејзи и Ѓурчиновска | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ

Извор








Пронајдете не на следниве мрежи: