Колку често брачните парови всушност водат љубов? Ќе се изненадите

„Во брак сум со деца и со партнерот имавме секс само неколкупати во измината деценија. Годинава уште сме немале секс“.

Сексуалниот живот на секој пар е различен и низ годините трпи многу промени. А, според експертите, ова е сосема нормално.

Додека на почетокот од врската повеќето парови не ги тргаат рацете еден од друг, по неколку години нормално е желбата за секс да се намали. Сепак, ова не значи дека љубовта згаснала или дека врската е осудена на пропаст.

Покрај тоа, постојат и многу други фактори кои влијаат врз желбата за секс – стресот од работа, проблемите со менталното здравје и пиењето одредени лекови се само дел од нив.

Експертите истакнуваат дека не треба да го споредувате вашиот сексуален живот со оној на некој друг пар. Она што е важно е да бидете отворени со партнерот и да не ги избегнувате разговорите за секс, особено ако забележите проблем.

Но, и покрај тоа што не треба да се прават споредби, веројатно ве интересира како изгледа сексуалниот живот на други парови.

За BuzzFeed, неколку брачни парови споделуваат колку често имаат секс и како им се менувал сексуалниот живот низ годините.

Најзабавните одговори во продолжение:

„Јас и сопругот сме немале секс можеби две години. Или, можеби една година. Не ни знам. Порано имавме секс секој ден. Но, пред неколку години ме повреди со емоционално неверство и оттогаш ситуацијата е малку чудна. Се чувствувам чудно кога имаме секс. Исто така, тој има некои необични барања кои порано ги толерирав за време на секс, но по предавството, веќе не можам“.

„Јас и сопругот сме асексуални, што значи – никогаш немаме секс“.

„Со сопругот сме заедно 12 години, а во брак осум и сега имаме повеќе секс отколку порано. На почетокот сексот ни беше забавен, но како да не си верувавме доволно. Нештата се подобрија по шест години, кога станав поотворена во врска со моите желби. Сега кога имаме и две деца, сексот е многу подобар и многу почест, а дури и сме повеќе вљубени еден во друг“.

„Во брак сум со деца и со партнерот имавме секс само неколкупати во измината деценија. Годинава уште сме немале секс“.

„Јас имам ендометриоза, а сопругот надминува некои трауми од минатото со терапија, па имаме секс можеби еднаш месечно. Но, тоа не значи дека не сме интимни на други начини. Имаме многу отворена комуникација, постојано се гушкаме, си кажуваме колку се сакаме и сме многу среќен пар. Сепак, немаме често секс“.

„Кога почнавме да се гледаме со партнерот, имавме секс барем двапати дневно. Сега тој има депресија и анксиозност и поради лекарствата му се намали желбата за секс. Сега имаме односи можеби еднаш месечно. Ова е лошо бидејќи сакам да имаме секс почесто и знам дека не е моја вина, но некогаш си го сфаќам лично“.

„Со сопругот сме во брак 26 години, а двајцата сме во нашите 60-ти. Нашиот сексуален живот никогаш не бил подобар. Секоја сабота ја минуваме заедно и секогаш доживувам оргазам“.

„Во последно време, со сопругот имаме секс еднаш месечно. И двајцата сме многу зафатени и постојано уморни, па некогаш немаме енергија. Исто така, тој има проблеми со еректилна дисфункција, а сега пие и лекови за крвен притисок. Имаме зборувано за ова и се согласуваме дека и двајцата сакаме почесто да имаме секс. Исто така, постојано се бакнуваме, гушкаме и слично“.

„Сопругот е љубовта на мојот живот. Заедно сме седум години, а во брак сме три. Имаме секс можеби два-трипати месечно, но само затоа што сакаме дете. Инаку мислам дека не би помислувале на тоа. Ниту еден од нас не е многу заинтересиран за секс. Уживаме во сексот, но не ни е најважното нешто“.

„Со сопругот сме заедно 16 години. Во овој период, сексуалниот живот ни претрпи многу промени поради животот, работата и децата. Некогаш имаме многу секс, а некогаш немаме со недели. Сепак, секогаш разговараме за тоа – ако немам секс, зошто е тоа така, дали сме во ред? Моментално имаме повеќе секс од кога било и почнавме да експериментираме. Нашиот сексуален живот стана многу подобар, а бракот ни е посреќен и посилен“.

„Со сопругот бевме многу среќни и имавме секс еднаш-двапати неделно. Но, изминативе неколку месеци беа тешки. Имав сериозна операција во јануари, па не можев да имам секс шест недели. Само што закрепнав, тој се зарази со ковид, па две недели бевме разделени. Оттогаш ни е тешко да ја вратиме интимноста“.

„Со партнерот можеме да имаме секс секој ден, а потоа да немаме секс две недели. Зависи од тоа како се чувствуваме – и двајцата имам проблеми со менталното здравје и ова има голема улога. И двајцата имаме големо либидо, но не секогаш сме расположени за секс во исто време. Но, го почитуваме тоа и се поддржуваме“.

„Сме немале секс со месеци. И двајцата сме преморени и ова не ни е приоритет, што е навистина тажно. Сексот е дефинитивно важен дел од врската. Сега повеќе се чувствуваме како добри пријатели, што не е лошо, но сепак не е одлично. Се надевам дека ова ќе се смени“.

„Кога ја почнавме врската со партнерот, се гледавме само за викенди и тогаш имавме многу секс. Сега кога живееме заедно, обично имаме секс едн аш неделно или помалку ако не сме расположени“.

„Сексот е многу важен за нас. Имавме период кога и двајцата пиевме лекови и имавме ниско либидо. Но, потоа ги сменивме лековите, па сега имаме секс секој ден и емотивно сме многу поблиски“.

„Јас имам 30, а сопругот 40 години. Заедно сме седум години. Имаме секс од три до шестпати неделно“.

„Јас сум асексуална личност со партнерот кој не е. Имаме секс само неколкупати месечно, но партнерот никогаш не ме притиска за тоа“.

Пронајдете не на следниве мрежи: