Колумбискиот претседател забрани американски авиони со мигранти да влезат во земјата

Колумбискиот претседател Густаво Петро им забрани на американските авиони со депортирани граѓани да влезат во неговата земја поради, како што наведе, недостојниот третман на американските власти кон мигрантите.

„САД не можат да ги третираат колумбиските мигранти како криминалци. Не дозволувам американски авиони со колумбиски мигранти да влезат на наша територија“, рече Петро во објава на социјалната мрежа X.

Тој додаде дека САД мора да воспостават протокол за достоинствен третман на мигрантите.

Американскиот претседател Доналд Трамп во својот говор на инаугурацијата вети дека веднаш ќе ја запре илегалната миграција и ќе започне процес на екстрадиција на милиони мигранти, а исто така прогласи национална вонредна состојба на јужната граница.

Пронајдете не на следниве мрежи: