Командантот на Ал Каеда, Абу Зеид убиен во Мали

Француските сили го убија Абделхамид Абу Зеид, еден од најстрашните команданти на Ал Каеда во северно-африканското крило, за време на операција против исламистичките бунтовници во планините на северот на Мали.

Според телевизијата Ennahar, Абу Зеид, е еден меѓу 40 убиени милитанти, прет три дена, на падините на планината Адрар во близина со границата со Алжир, објави Ennahar, медиум блиско поврзан со безбедносните сили.
 Француски трупи и трупи на Чад ловеле борци со цел да ги протераат од северот на мали.
 Портпаролот на француската претседателска палата одби да ја коментира веста, а алжирската влада, надлежните во Мали и во Чад не потврдуваат дека Абу Зеид е убиен.
 Армиски офицер на Франција не потврдува убиство на командантот на Ал Каеда, но ја потврди акцијата во која се убиени 40 милитанти, во жестоки борби минатата недела во планините во регионот Тигаргара.
 Според надлежните, 1.200 француски војници, 800 војници на Чад и некои елементи на армијата на Мали сè уште се во регионот на планината Адрар.
 Десет групи за поддршка и фабрика за експлозив се уништени во операцијата, како и 16 возила, беше соопштено деновие.
 Франција почна напад на 11 јануари за да ја ослободи пустината во Мали од припадниците на северно-африканското крило на Алкаеда и други исламистички бунтовници по молба на владата на Мали.
 Интервенцијата помогна да се истераат милитантите од градовите и да се натераат кон планините и пустината.
 Абу Зеид предводеше една од најжестоките операции, а е поранешен алжирски шверцер, кој станал џихадист и се верува дека е одговорен за повеќе од 20 киднапирања на луѓе од западот во беззаконијата на Сахара во последните пет години.
 Со тоа за северно-африканското крило на Ал Каеда успеал да заработи десетици милиони долари за откупи.
Макфакс
Француските сили го убија Абделхамид Абу Зеид, еден од најстрашните команданти на Ал Каеда во северно-африканското кри

Пронајдете не на следниве мрежи: