Командант Салами: Иранците го сметаат Трамп за убиец на Касем Сулејмани

Врховниот командант на Иранската револуционерна гарда, Хосеин Салами, денес му рече на американскиот претседател Доналд Трамп дека иранската нација го смета за „убиец“ на командантот на силите Кудс, Касем Сулејмани.

Солејмани беше командант на силите Кудс, прекуокеанскиот огранок на елитната Револуционерна гарда.

Тој беше убиен во Ирак во напад со беспилотни летала на 3 јануари 2020 година, нареден од Трамп за време на неговиот прв мандат , објави „Ројтерс“.

Трамп претходно изјави дека САД се многу блиску до постигнување нуклеарен договор со Техеран.

Пронајдете не на следниве мрежи: