Комарците ги полудеа скопјани: Надвор е неподносливо

Инвазија од комарци во Скопје. Нема парк, улица каде нема да ве искасаат неколку комарци во рок од само неколку минути. Граѓаните се жалат и велат дека не може да седат надвор навечер кога впрочем е и најдобро за релаксирање, затоа што и температурата е пониска од таа во текот на денот. Сепак тоа сега е невозможно.
Надлежните велат дека прскале, но повеќе детали најавуваат за од понеделник. Можно е да има вонредно прскање и покрај тоа што досега било прскано неколку пати.
Од Градот на 12 месецов известија дека во деновите после тој датум ќе има неколку фази на авионско и терестичко прскање против комарци. Тоа траеше и во текот на неделата што измина, но наездата не стивнува.


Авионската дезинсекција (четврта фаза) на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци требаше да се реализира на 15.08.2020 (сабота) и 16.08.2020 (недела), во раните утрински часови.
Терестичната дезинсекција (четврта фаза), против возрасни форми на комарци требаше да започне на 17.08.2020 (понеделник) и да заврши најдоцна до 21.08.2020 (петок), во период од 21.00 до 03.00 часот, наредниот ден. Сепак токму оваа недела комарците како да збеснаа.
Граѓаните немаат спас, а се искасани и покрај тоа што ставале заштитни средства.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.