Комбе влета во пешаци: „Возачот сакал да ги убие сите“

Девет лица загинаа, а 16 се повредени откако бело комбе удри во група пешаци во Торонто, по што канадската полиција го пронајде и уапси возачот, изјави заменик началникот на полицијата Питер Јуен.

Инцидентот се случи вчера во 13:30 часот по локално време, кога повеќето вработени излегуваат на пауза, а полицијата побара жителите да ја избегнуваат таа област. Возилото било изнајмено, а компанијата за рентање возила „Рајдер систем“ потврди дека едно од нејзините комбиња учествувало во инцидентот.

Очевидец изјавил дека според него „возачот дејствувал планирано и сакал да ги убие сите“.

Локалната болница „Санибрук“ објави на Твитер дека примила најмалку седум повредени лица, од кои петмина се наоѓаат во критична состојба.

Канадскиот министер за јавна безбедност Ралф Гудејл го оцени инцидентот како „многу сериозен“, без да соопшти повеќе детали.

Полицијата веднаш ја блокира областа за движење, а затворена е и метро линијата која минува низ тој дел од градот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.