Комбинации на бои кои се носат ако сакате вашата облека да изгледа поскапа и помодерна

Некои бои се сакани во јавноста, но дали знаевте дека и одредени комбинации на нијанси изгледаат луксузно? Истакнавме осум комбинации на бои кои прават модните изданија секогаш да изгледаат скапи. Проверете подолу за какви бои станува збор.
1. Беж и бело
Љубителите на модниот минимализам одамна ѝ се верни на оваа комбинација на бои. Вистинска класика без конкуренција, комбинација која гарантира дека ќе изгледате совршено.

2. Црно и кобалтно сино
Кралската нијанса на сина сака силен контраст, но во комбинација со неутрална боја. Нема ништо понеутрално од безвременско црно.

3. Зелено и кафено
Според модните експерти, ефектот на луксуз најдобро се постигнува со комбинирање на маслинесто зелена со коњак-кафеави нијанси.

4. Жолта и сина
Премногу пастелни нијанси во една облека често не дава добар моден резултат, но не и кога се работи за светло сина и светло жолта. Тајната е во контрастот помеѓу топлите и ладните бои, што ја прави оваа комбинација на пастелни нијанси многу посакувана.

5. Циметно-кафеава и крем боја
Ако беж нијанси ви се премногу светли и преферирате потемни во кафената палета, топлата и пригушена циметно-кафеава е совршена за вас, особено кога се комбинираат со валкани нијанси на бело.

6. Црвена и розова
Она што некогаш беше табу-комбинација, сега е омилено меѓу трендсетерите кои знаат дека кога се комбинира правилно, може да изгледа неверојатно шик. Експертите советуваат да се комбинираат пригушени и длабоки нијанси, но најхрабрите модничари ќе посегнат и по други нијанси од навистина богатата розова и црвена палета.

7. Светло сино и црно
Уште еден пример за многу елегантна и безвременска комбинација на бои. Две неутрални класици заедно изгледаат софистицирано и скапо.

8. Темно сина и темно кафеава
Адут за љубителите на суптилните бои, особено во есенската и зимската сезона, но без оглед на годишното време, совршено функционираат заедно.

Пронајдете не на следниве мрежи: