Комисијата за избори и именувања едногласно и без дебата: Собранието да ја разреши Катица Јанева

Комисијата за избори и именувања едногласно и без дебата донесе заклучок да му предложи на Собранието да ја разреши специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која е осомничена за случајот “Рекет“.
Одлуката е донесена врз основа на извештајот на Советот на јавни обвинители за разрешување на Јанева поради нестручно и несовесно работење.
Залучокот на Комисијата ќе биде доставен до претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој треба да свика пленарна седница за разрешувањето на Јанева. На пленарната седница нема да се расправа за извештајот на Советот на ЈО туку само за предлогот за разрешување.
Одлуката се носи со двотретинско мнозинство и со т.н. Бадентерово гласање, а на крајот треба да ја потврди и Советот на обвинители.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.