Комисијата за заразни болести на денешниот состанок донесе нов пакет рестриктивни мерки кои ќе важат од 18 декември до 21 јануари.
-Во претстојниот период Комисијата за заразни болести препорачува забрана за групирање по плоштади за дочек и прослава на Новата година како и секаков вид на собири во периодот на празниците. Комисијата ќе достави и препорака за групирање во станови за престојните празници, а ќе им препорача и хотелите да ги затворат своите ресторани по 21 часот, се вели во соопштението.
Во однос на верските празници, Комисијата за заразни болести укажува на тоа дека на сила е забраната за собири надвор на отворено на повеќе од четири лица, додека внатре во објектите на сила е препораката максималниот број на лица да е не повеќе од 30 проценти од капацитетот и сите лица да се со маски.
Предлог на Комисијата е да се забранат секакви прослави во рамките на работните организации.