Комитет за човекови права на ООН: Бугарија го прекршила правото на слобода на здружување на етнички Македонeц

Прекршување на повелбата за здружување на македонците во Бугарија изрече Комитетот за човекови права на ООН со што во наредните 6 месеци ќе бара одифицјална Софија да превземе мерки за исправка на состојбата откако бугарските судови не дале конкретна образложение зошто одбивале регистрација на здруженија за човекови права со што било повредено тоа право.

Во дописот на комитетот за човекови права при ООН исто така и се наведува дека судските одлуки биле оценети како недоволно образложени и претерано формалистички, без да се земат предвид дополнителните аргументи и докази доставени од подносителот на жалбата.

Случајот се однесува на одбивањето за регистрација на невладина организација за заштита на човековите права, по што жалителот се обратил до Комитетот, тврдејќи дека со години постои пракса на одбивање на регистрации на организации поврзани со македонскиот етнички идентитет во Бугарија.

Премиерот Мицкоски пак денеска коментирајќи ја одлуката на Комитетот посочи дека ова само ги потврдува владините политики за односот кој бугарските власти го имаат не само кон македонија туку и македонците во Бугарија а после ова премиерот додаде и дека очекува робусна акција од Брисел кој треба да реагира.

Стојко Стојков од ОМО Илинден Пирин пак во кратка телефонска изјава за ТВ 24 вели дека одлуката на комитетот само го потвдува она за кое подолго време укажувале и ова е само уште во низата пресуди која како што вели ја разобличува Бугарската политиока која порано или подоцна скапо ќе ги чини бугарските власти.

Сето ова доаѓа откако пак претходно бугарските власти донесопа одлука за десет годишна забрана за влез на адвокатот Тони Менкиновски кој беше и правен застапник на македонците во Бугарија и пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Пронајдете не на следниве мрежи: