Навивачите на Вардар, популарните Комити ја блокираа „Партизанска“ кај Силбо и го најавија големото гостување утревечер во Битола кај големиот ривал Пелистер.
Комитите со шест автобуси ќе се упатат утре на пат за Битола. Како што известивме во текот на денот, битолчани го распродадоа целиот стадион за дербито.
Нека биде утре празник на фудбалот и нека победи подобриот во фер атмосфера.