Компири со сланина печени во рерна: Оброк готов за 20 минути со само две состојки

Во текот на студените денови, сите се свртуваме кон покалорична храна. Ви донесуваме предлог за ручек со само две состојки што ќе ве воодушеват. Печени компири со сланина во рерна се рецепт што мора да го пробате. Лесен е за подготовка, а јадењето е готово за помалку од 30 минути.

Состојки:

9-10 големи компири,малку маснотија,зачини по желба, сол, бибер, зеленчук, црвена пиперка200 грама сланина

Подготовка:

Вклучете го шпоретот да се загрее на 200 степени. Додека се загрева, излупете ги компирите и исечете ги на помали парчиња. Добро измијте ги и зачинете ги по желба, подобро е кога се полути. Намастете ја тавата со малку маснотија, но не многу поради сланината што ќе ја ставите врз неа. Распоредете ги компирите во тавата и ставете ги да се печат. По десет минути додадете малку вода и оставете да се свари. Исечете ја сланината на помали коцки и додадете ја по 20 минути печење. Оставете уште 10-15 минути за сè убаво да порумени. Можете исто така да ја намалите температурата на шпоретот на 180 степени.
The post Компири со сланина печени во рерна: Оброк готов за 20 минути со само две состојки appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: