КОМУ НЕ МУ ТРЕБАА ДОДЕЛЕНИТЕ ДРЖАВНИ ПАРИ – еве која категорија најслабо ги трошела картичките

Кој доби, а не му требаше државна помош, или едноставно не знаеше или не можеше како да си ја искористи.
Вкупно 309.337 граѓани користеле домашна платежна картичка, објави министерката за финансии Нина Ангеловска. Односно од околу 330.000 граѓани кои се најдоа на листата, 309.000 ги подигнале своите домашни платежни картички.
Ова значи дека 21 илјади граѓани не ги искористиле картичките. Се поставува прашањето кои се тие.
Како што пишува министерката Ангеловска, реализацијата во број на картички изнесува 93 отсто, додека во износ 95 проценти од планираното.


Гледано по групи на граѓани на кои им следуваше домашна платежна картичка, најголема реализација или 97 отсто има кај невработените лица и здравствените работници, додека најниска кај младите лица, 90 отсто.
Ова покажува дека кај дел од младите немало доволно интерес да се реализира катичката.
Од вкупно префрлените средства кон банките 28,3 милиони евра, 26,8 милиони евра биле доделени на издадените картички, а од нив 26,5 милиони евра се потрошени на купување домашни производи и услуги. Разликата ќе биде вратена во буџетот.
Доделените 26,8 милиони евра и 309.000 картички, се распределени на следен начин:
113.000 невработени и приматели на социјална помош > 16.5 мил.евра
111.000 вработени со ниски примања > 5.4 мил.евра
81.000 млади > 4 мил.евра
4.000 здравствени работници > 900.000 евра.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.