Коневски се огласи за изградбата на црквата во Аеродром

Поранешниот градоначалник на Општина Аеродром, Ивица Коневски на социјалните мрежи пишува дека во непосредна близина на Спортскиот центар Јане Сандански и Паркот на езерата, во 2015 година почна изградбата на Руската црква Св. Троица.
Како што објаснува, оваа црква според одобрението за градба е предвидено да има и капела Св. Георги Победоносец, во чест на паднатите борци и што е многу важно, било планирано да има и кујна за бездомни лица.
„Но, за жал, црквата остана недоградена и претставува лоша слика за овој дел од Аеродром, кој е многу посетуван и од домашни и од странски гости поради Спортскиот центар и Паркот на езерата. Ова запуштено место претставува и опасност при движењето, посебно во вечерните часови“, вели тој.
Ја повика локалната самоуправа да помогне за доградба на црквата.
The post Коневски се огласи за изградбата на црквата во Аеродром appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: