Кога на средината на минатата година до медиумите стигна веста дека естрадната двојка Јована Пајиќ и Сала Тропико се разведуваат, целата јавност остана затечена.
Никој не можеше да поверува дека родителите на две девојчиња Хелена и Џина решија да стават крај на нивната врска која траеше една деценија а на јавноста и се чинеше дека нивниот брак е идиличен и дека тие се една од најхармоничните естрадни двојки.
Иако разводот се случи мирно и без никакви расправии Јована беше таа која ги спакува куферите и го напушти семејниот стан со ќерките, додека со Сале се договори за заедничко старателство.
Здравствената состојба на Јована Пајиќ беше многу лоша по одлуката да се раздели со музичарот, а во честитките што им ги упати на следбениците на „Инстаграм“, целата претходна година ја нарече предизвикувачка и полна со болни соочувања:
– Оваа година беше ролеркостер на мојот живот. Многу тешка, полна со предизвици и промени. Болни и тешки соочувања пред се со себе. Здравствени проблеми, како последица на сето горенаведено.
Она што го посакувам за сите, но и за себе, е да не се спротивставувате. Да си дозволите да излезете од сопствените граници, оклоп и познати програми. Не е лесно, но потребно е, верувајте. Живејте го вашиот најдобар живот, споделете ја вашата среќа и радувајте се на туѓата. Пофалете, поддржете и издржете! Ве сакам – напиша пејачката под фотографијата на која позира со пријателите, кои и беа потпора и рамо за плачење во најтешкиот период од животот.
И покрај големата поддршка, здравствената состојба на Јована Пајиќ беше нарушена. Сепак, поп-уметничката успеа, главно благодарение на ќерките, да се врати на вистинскиот пат и го продолжи својот нов живот без Сале Тропико.
Инаку во јавноста многу се шпекулираше дека наводно причината поради која дошло до развод е врската на Јована Пајиќ и Марија Шерифовиќ но неодамна Сале даде одговор на тоа прашање.
– Немам коментар за тие глупости. Јас и Јована сме во контакт, но нема смисла да се зборува за ова бидејќи е невистина. Не сум шокиран кога ќе слушнам такво нешто бидејќи е непотребно – изјави Сале и додаде дека моментално е фокусиран на кариерата.
Марија Шерифовиќ и Јована Пајиќ неодамна прилично револтирани остро негираа дека имаат нешто повеќе од пријателство.
– Пишувам, па бришам, па велам ме боли уво, но воопшто не ме боли. Никогаш ништо не негирав. И тука немам што, освен овие инсинуации и злонамерен наслов. Никому не му паднало на памет да не стави во овој контекст повеќе од една деценија, а кога ќе се разведеш, тогаш не си ничија работа, па секој може да си ја меша главата и да си лепи етикети како сака. Она што го слушнав за себе во изминатата година, ова е лимонада. Не сме во врска, но признавам, би било луда сензација! Ви предлагам да ме прашате конечно или ќе престанеме да се дружиме! Што мислите? – духовито реагираше Јована, по што следеше реакцијата на Марија:
-Со денови се пишуваат секакви гадости, лаги и клевети, без никаква проверка и аргументи. Тоа предизвикува голема штета на нас, кои сме омилени мети на ваквите текстови, но и на нашите семејства и пријатели. За тоа се грижат хуманоидните медиумски ајкули, желни за нашата крв и што повеќе читатели по секоја цена. Се чини дека сè е дозволено во таа хартиена гладијаторска арена. Таму нема фер-плеј и хуманост – рече Марија за невистините натписи на весниците.