КОНЕЧНО РЕШЕНИЕ ЗА ПОЧЕТОК НА ШКОЛСКАТА ГОДИНА СЕ УШТЕ НЕМА

Се поизвесно е дека новата учебна година нема да започне на 1ви септември. Нема одлука за ниту еден од трите модели кои беа во опција за старт на наставата, ниту пак конкретен датум за почеток на учебната година.
Одлуката ќе се донесе откако ќе се формира новата Влада и ќе зависи од функционалноста на Собранието, соопшти денес министерот Адеми.
Не сум тврдоглав во својот став и ставот на МОН учебната година да започне со физичко присуство, но верувајте имам многу дилеми и многу ми е тешко да донесам одлука, изјави денес министерот за образование , Арбер Адеми. Според него , епидемиолошката состојба има клучна улога во одлуката, еден ден пред и по почетокот на учебната година може да донесе големи промени во одлуките.
„За било каков модел да се определиме е неопходно да се направат измени и дополнувања и во законот за основно и во законот за средно образование.“ – изјави Адеми.
За да се направат тие измени и законски решенија ни треба функционално собрание, така што укажуваме дека може да дојде до пролонграње на учебната година, зависно од епидемиолошката состојба и од функционалноста на собранието.
Одговорноста за усшешност на наставата со физичко присуство и заштитат на здравјето е на сите, од портирот до министерот, потенцираше Адеми.
Според него нема замена за наставата во училиште, напоменувајќи дека не сите деца од 1во до 3то одделение, знаат да ракуваат со ит уред, и невозможно е да ја следат наставата преку интернет.
Родителите пак кои во се поголем број се приклучуваат во групата за поддршка на онлај настава, категорично стојат на ставот децата да останат дома.
„Доколку се донесе одлука од МОН, дека треба да се оди со онлај настава, тогаш и најмалите не треба да бидат исклучени од таа одлука. Голем дел од родителите се спремни и тоа го кажуваат во групата да не ги пуштат своите деца на настава, и не прифаќаат одговорноста на институциите да падне врз нив.“ – вели Светлана Димитриевска.
Без законски промени, учебната година може да заппочне само со физичко присуство и никако поинаку, истакна Адеми повикувајчи се на законот за образование.
„Наставата се органзира и реализира во училиште, во училница и точка. Ние за да ја организираме наставата преку средства за електронска состојба, требаше неопходно да усвоиме уредби со законска сила додека траеше вонредната состојба.“ – рече Адеми.
Министерот Венко Филипче вчера изјави дека став на Комисијата за заразни болести е учебната 2020/2021 да почне онлајн, освен за учениците од прво одделение, поради неизвесноста од она што не очекува со ковид-19. Според Филипче, многу ризично е да се дозволи децата да се вратат без никакво ограничување во затворена просторија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.