сабота, 28 ноември 2026
Најново

Конечно се отвора најдолгиот мост што минува над море

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Мостот долг 55 километри кој ги спојува Хонгконг и Макао со континентална Кина, конечно ќе биде отворен за јавноста.
Дваесет милијарди долари вредниот мост чија изградба беше започната пред девет години, конечно ќе биде отворен оваа недела и со тоа ќе стане најдолгиот мост преку море на светот.
На свеченоста по повод отворањето на мостот во Жухаи ќе присуствува и кинескиот претседател Си Џинпинг, заедно со највисоките функционери на Хонгконг и Макао, а во среда официјално ќе биде отворен и за сообраќај.Мостот требало да започне со работа уште во 2016 година, но поради непланирани работи, неговата изградба била одложена.

Мостот ќе покрива 56.500 квадрати на југот од земјата и 11 градови во кои вкупно живеат 68 милиони луѓе. Сега, од Хонгконг до Макао ќе се патува за само половина час наместо некогашните три и пол часа.Интересно е дека има и такви кои ја критикувале изградбата на мостот затоа што сметаат дека тоа ќе го поттикне туризмот во Хонгконг кој секако има проблем да се избори со посетителите, а годишно го посетуваат и до 57 милиони туристи.

Поврзани вести