Конзервативците на Мерц и социјалдемократите постигнаа договор за формирање германска влада

Германските конзервативци предводени од лидерот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и веројатно следен канцелар Фридрих Мерц постигнаа договор со централно-левичарските социјалдемократи (СПД) за формирање нова влада, јави НТВ.

Конзервативната алијанса ЦДУ/ЦСУ победи на сојузните избори на 26 февруари, а претходната влада ја предводеше социјалдемократот Олаф Шолц.

Успех на изборите постигна и крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД), но конзервативците ја отфрлија можноста за коалицирање со таа партија, пренесува Танјуг.

Пронајдете не на следниве мрежи: