Конзумирањето на овие чаеви може да ви помогне при решавање на надуеноста

Надуеноста е чест проблем за многу луѓе и може да биде предизвикана од различни фактори како лошата исхрана, слабата физичка активност и стресот, а одредени пијалоци можат да ви помогнат да го решите овој проблем.
Меѓу нив се издвојува чајот од нане, кој е познат по своите смирувачки својства на дигестивниот систем – чајот од нане помага во намалување на надуеноста со опуштање на мускулите во дигестивниот систем. Ментолот во листовите од нане има природни својства кои помагаат во ублажување на грчевите и непријатностите предизвикани од надуеност.
Покрај чајот од нане, камилицата е позната и по бројните антивоспалителни и смирувачки својства, што ја прави погодна за ублажување на симптомите на надуеност.
Камилицата ги ублажува грчевите во стомакот и го намалува стресот, што може да биде една од клучните причини за надуеност. Овој чај се препорачува да се пие пред спиење бидејќи помага за опуштање и подобар квалитет на сонот.
Исто така, ѓумбирот е моќен природен лек за варење, вклучувајќи надуеност и гасови. Оваа билка има антиинфламаторни својства кои помагаат да се намали надуеноста преку стимулирање на производството на стомачна киселина, која го подобрува варењето.
Ѓумбирот ја подобрува циркулацијата што може да помогне да се намали чувството на тежина во стомакот. За подобар вкус, чајот од ѓумбир може да се комбинира со мед или лимон.

Пронајдете не на следниве мрежи: