Културно-информативниот центар во Скопје објави јавен повик за сите музичари и уметници од различни жанрови да аплицираат за учество на настанот „Звукот на Скопје“ кој ќе се одржи во 2025 година. Сите заинтересирани треба да подготват еден ворд-документ кој ќе содржи: кратка биографија, детален опис на проектот, како и сите релевантни материјали поврзани со проектот (како што се линкови, фотографии или технички рајдер). Документот треба да се достави на електронската адреса info@kic.mk со наслов на е-поштата ’За ЗВУКОТ НА СКОПЈЕ‘. Конкурсот останува отворен до 2 мај 2025 година“, стои во соопштението на организаторите. Финансиската поддршка за избраните проекти е обезбедена од страна на Град Скопје и Министерството за култура и туризам.
The post Конкурс за манифестацијата „Звукот на Скопје“ appeared first on 365.mk.