Контејнер со цигари наменет за Македонија конфискуван во Солун

Со помош на скенер и специјално обучено куче, царинските служби на солунското пристаниште откриле контејнер од Кина со 629.000 кутии, односно 12.596.000 парчиња шверцувани цигари, соопштуваат од Независна служба за јавни приходи на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Според грчката телевизија “Антена“ контејнер со цигари наменет за Македонија требало да стигне во Македонија, а надлежните власти се сомневаат дека фирмата наведена во документите воопшто и не постои. Во документите било пријавено дека во контерјнерот што од Кина пристигнал во Солун дека наместо цигари има ткаенини.
– Беше направена контрола на конкретниот контејнер кога пристигна на пристаништето во Солун од Кина. Скенерот на почеток покажа знаци дека постојат тутунски производи, а овие знаци потоа беа потврдени од кучето, вели за грчката телевизија “Антена“ директорката на царинската служба во Солун, Фотини Парусиду.
Цигарите и контејнерот како средство за транспорт на шверцувана стока биле конфискувани, а за случајот бил информиран и Јавниот обвинител во Солун. Царинските давачки, а со тоа и штетата за земјата од шверцуваните цигари достигнува до 2.491.400,57 евра соопштуваат од Независна служба за јавни приходи на Грција.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.