Тренерот на Тотнем, Антонио Конте, по мечот со Милан од Лигата на шампионите не отпатувал со својата екипа назад во Лондон, туку останал во Италија. Причината е рехабилитацијата од операцијата на жолчката, која ја имаше месецов.
Тотнем соопшто на Твитер дека екипата ќе продолжи без Конте, барем на следниот меч од Премиерлигата, лондонското дерби со Вест Хем.
„По рутинската постоперативна контрола во средата, во Италија, решено е Антонио Конте да остане во семејниот дом, за потполно да се опорави од операцијата. Здравјето е од најголемо значење и сите во клубот му посакуваме брза рехабилитација“, пишува во соопштението на Тотнем.