Концерт и изложба вечерва во Македонскиот КИЦ во Белград

Министерството за култура на Република Македонија гордо го најавува настапот на Македонскиот женски младински хор „Менада“ од Тетово, кој веќе долг период служи како амбасадор на македонското хорско пеење. Концертот е закажан за 11 април со почеток во 19:00 часот во македонскиот Културно-информативен центар во Белград. Под диригенската палка на маестро Ивица Зориќ, хористките ќе изведат 50-минутна програма со акцент на духовна музика, при што ќе се слушнат и неколку македонски евергрини.
Покрај концертот, истата вечер ќе биде отворена и изложба под наслов „Два конца парај“. На неа ќе учествуваат 24 уметници кои ги претставуваат мостовите на културна размена и пријателство меѓу македонската и српската уметност. КИЦ Белград, заедно со партнери како Друштвото на ликовни уметници „Македонци во Србија“, Галеријата „M“ и Фондацијата „Нушиќ“, селектираа 50 дела од уметници кои најголем дел од својот креативен животен пат го имаат поминато во Белград и Србија. Овие културни настани се први од ваков вид во КИЦ Белград, ново отворениот центар на улица „Македонска“ бр. 30, чиј официјален почеток е планиран за мај.
The post Концерт и изложба вечерва во Македонскиот КИЦ во Белград appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: