Филипинскот претседател Родриго Дутерте уште во четвртокот свика состанок на Советот за природни катастрофи, на кој е одлучено какви вонредни мерки ќе се преземат за справување со ударот на супертајфунот.
Супертајфунот “Мангкат“ се приближува кон Филипините и загрозени се околу четири милиони луѓе во северниот дел на земјата, јавува Si-en-en. Филипинските власти до сега презедоа мерки за евакуација на повеќе од 9.000 жители.
“Мангкат“ е посилен од ураганот “Флоренс“ со ветрови со брзина до 285 км на час. Според својата јачина тој е еднаков на ураган од петта категорија и е посилен од ураганот “Флоренс“ кој го зафати источниот брег на САД.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.