Интересно е што има и други советници кои не се слагаат со начинот на кој функиоцнира ВМРО-ДПМНЕ во Карпош ама тие не можат да соберат храброст од вакви опструкции.
Тие гледаат дека се што правиме правиме во интерес на граѓаните, тие знаат дека јас имам респект кон нив, вели Стевчо Јакимовски како коментар на нападот на советник од ВМРО-ДПМНЕ во општина Карпош.
Јакимовски му се обрати на Мицковски
Кристијан ми доаѓаш преку глава. Немој да тепаш деца. А тоа што ми претиш на мене со лисици спремно ќе те дочекам. ГОВЕДО ЕДНО!
– Тепањето на советникот е со цел да се врати во јатото и да прави опструкции, еднаш гласаше против и шефот на советничката група му се обраќа со зборовите “копиљ, забите ќе ти ги скршам кршиш наредба на претседателот”. После еден од членовите на обезбедувањето на Христијан Мицкоски му се заканува и тој е припадник на МВР и ќе упатам писмо до министерот за внатрешни.
Овој е таму пратен да го обезбедува лидерот на опозицијата или за да врши притисок врз народни избраниици. Ова е пријавено и полиција го има нотирано овој случај ама за жал вчера се случуи тој немил настан. Александар бил нападнат од лице со фантомка на главата.
Јас сум згрозен, јас 2012 имав само 10 советника на моја страна ама вакви работи немало да се тепаат луѓе.
Ова само покажува какви примитивци влегоа во раководството на ВМРО-ДПМНЕ, нека каже еден советник на ГРОМ дали сме му рекле да ги опструира градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, напротив им е кажано да соработуваат, за разлика од нив кои знаат самом опструкција.
Со нив или без нив Карпош ќе има резултат.
Имам информации кој е организаторот и кој е сторителот, информирана е полицијата, дадено е цедето со снимката, ќе има активности и јас сум убеден дека и нарачателот кој е во ВМРО-ДПМНЕ и организаторот кој е во врвот и сторителот кој е во конекција со организаторот ќе бидат расветлени!
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.