Копривата и нејзините дејства: Билкар објаснува како правилно се користи – против анемија, проблеми со простата, јакнење на косата…

Ова растение има многубројни поволни дејства, но не е сеедно како го користите.
Моментално е сезона на берење коприви, а билкарот Момчило Антониевиќ ги раскажал сите детали за нејзината подготовка, поволните дејства и за што помага.
„Од неа правев чорба, правев чај од семето, лисјата и коренот. Копривата може да се употребува на различни начини кај нас, а напролет младата коприва е идеална за готвење“, изјавил Антониевиќ.
Таа може да се користи како спанаќ или зелје, но не содржи слободна оксална киселина која што им пречи на луѓето кои имаат проблем со камен во бубрегот.
„Копривата за нив е целосно безбедна, кога редовно ја косите може да биде млада цела година и да има место во вашата кујна. Од вкусната билка правев три до четири видови чорби, таа е многу лековита. Може да им се дава на малите деца, а не се употребуваат исто семето, лисјата и коренот“, изјавил тој.
Коренот содржи фитостероли, а кој што има проблем со простатата одличен е за неа.
Кога ќе се направи чај, тој може да се користи за миење на косата за истата да зајакне или пак против првут.
Чајот од коренот се прелива со ладна вода, па ги испушта своите материи, а се остава да отстои половина час.


„Лисјата поради хлорофилот се добри и за анемија. Чајот од лисјата од коприва, односно една супена лажица од нив се прелива со една шолја топла вода, се цеди по 15-20 минути и пие два до три пати дневно“, изјавил тој.
Семето од коприва се употребува против ноќното мокрење кај децата, а 40 грама од истото се меша со р’жано брашно и од тоа може да се замеси тесто со квасец и мед.
Поделете го тестото на пет топчиња, испечете ги и давајте му на детето по едно колаче пред спиење со чај од кантарион. Оваа постапка треба да ја повторувате еден месец, а народните билкари велат дека е многу успешен рецепт.
Од семките од коприва се подготвува и смеса против анемија. 100 грама семе се меле и се меша со пет лажици таан, односно паста од сусам. Се додава уште пет лажици сирово какао во прав и еден килограм мед.
Оваа мешавина треба да ја чувате на ладно место и да консумирате по две до три лажици дневно од истата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.