Корекција на границите е проект на Белград, вели Сали Бериша

Бериша смета дека проектот за размена на територии е идеја на Белград, од која добивка има само Србија, но не и Косово. Како гостин во ТВ-емисија тој упати тешки обвинувања до косовскиот претседател Хашим Тачи, нарекувајќи го “аргат“ кој го брани овој проект.
Поранешниот албански претседател и премиер, Сали Бериша посочува дека проектот за корекција на границите помеѓу Србија и Косово не е американски и дека претставникот на американскиот Сенат јасно кажал дека договор за тоа бара Русија. Потоа, според него, се појавува “аргатот“ Тачи кој зборува албански и вели – не, јас го ставам ова прашање на дискусија и барам корекција на границите, а не Белград.
“Ова е фатално, како можеш да им кажеш на Албанците такво нешто?, изјавува поранешниот лидер на Демократската партија, Бериша и дополнува дека тоа е многу опасно за мирот и безбедноста на Балканот и дека тој е категорично против корекција на границите.    

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.