Корисниците на Инстаграм и Фејсбук во светот денеска пријавиле проблеми со логирањето, споделувањето и пристапувањето до содржините на мобилните апликации.
Инстаграм бил предупреден за проблем изутринава, а повеќето извештаи на корисници стигнале од северна Европа и САД.
Повеќето споделени фотографии на корисниците не успеваат да се вчитаат, а на екранот им се појавила порака дека „описот на фотографијата не е достапен“. Одредени корисници воопшто не можеле да пристапат до апликациите.
Покрај Инстаграм со проблеми се соочуваат и Фејсбук и апликацијата Вац ап. Слични проблеми се регистрирани и од корисници на социјалните мрежи и во нашата земја.