Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека во вторник поради изведување на водоводен приклучок Ф250 на Ф125 мм. на улицата Ферид Заири 12. со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од дел од Џон Кенеди и со намален притисок ќе остане населбата Топанско Поле, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.
The post Корисниците од дел од „Џон Кенеди“ утре без вода, намален притисок ќе има во населбата Топанско Поле appeared first on Во Центар.



