Коронавирусот може да ги заостри конфликтите низ светот – став на стручњаците!
Една од најтешките последици од пандемијата на коронавирусот е пролонгирањето на мирот на неопределено време во многу конфликтни точки низ светот, пишува „Дојче веле“.
Според директорот на Стокхолмскиот институт за истражувања на мирот – СИПРИ (SIPRI), Дан Смит, во моментов постои опасност од заострување на меѓународните конфликти и зголемување на теророт како последица на кризата со коронавирусот.
- Овој заклучок најмногу се однеусва на Ирак и Сирија, подвлекува Смит.
Во Ирак има присуство на податоци за обновување активностите на терористичката група Исламска држава. Во Јемен позициите на противниците може да се зацврстат, а во Авганистан се забележува засилување на активностите на радикалните талибанци.
ПРОДОЛЖУВА НА СТРАНА 2