Лекарите за итни случаи велат дека луѓето со Ковид-19 можат да имаат воспалителни процеси во срцето.
Американското здружение за срце неодамна предупреди дека коронавирусот може да предизвика „погубни“ и трајни компликации на срцето, пишува Си-Ен-Ен.
Иако предупредувањето е загрижувачко, не е изненадувачки за оние кои лекуваат пациенти со коронавирус на фронтот, изјави д-р Дара Кас, доктор по итна медицина на Медицинскиот факултет на Универзитетот Колумбија.
„Во суштина, овој вирус може да предизвика воспалителни процеси кај некои пациенти не само во респираторните органи, туку и во самото срце“, рече д-р Кас, додавајќи: „Забележуваме дека оваа штета се јавува кај пациенти кои се на возраст од 30, 40 и 50 години. Ова не се пациенти кои се постари и имунокомпромитирани. Тие се пациенти кои го преживуваат овој вирус, но сега ќе имаат нова хронична здравствена состојба која мора да ја препознаеме и третираме“.
Научниците утврдиле дека околу 20 проценти од пациентите со Ковид-19 имаат миокардитис, односно воспаление на срцевиот мускул.
Ризикот од развој на миокардитис е поголем во пролет и доцна есен.