Во последните 24 часа во земјава се регистрирани девет починати од ковид-19 во земјава.
Меѓу нив се и двајца пациенти од Скопје и Струмица на возраст од 23 и 29 години.
Другите починати се од Крива Паланка (52), двајца од Гостивар (60 и 62 г.), од Куманово (60), од Велес (70) и по уште еден од Скопје (71) и Струмица (44).
Осум од починатите починале во болнички услови, а една од пациентките од не го издржала патот од Струмица и починала при транспорт кон Скопје.
Засега нема информации дали на пат кон Скопје починала 29 или 44-годишната жртва.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.