Коронавирусот ја зема првата жртва во Србија

Прв смртен случај од коронавирусот во Србија. Ова беше соопштено од премиерката Брнабиќ на прес конференција предмалку.
-Денес е баш тежок ден за нас. Ќе има уште потешки од овој, но на жалост морам да ви соопштам дека денеска е регистриран првиот смртен случај од коронавирус во Србија. Се работи за машко лице од 59 години, кое почина во Клиничкиот центар во Војводина, изјави Брнабиќ.
-Во домашна изолација се 64 граѓани, на респиратори се осум граѓани. Од утре во 20 часот престанува јавниот превоз, а од недела во 20 часот се затвораат рестораните, кафулињата и трговските центри, исто така рече премиерката.
Ова се мерки кои не се запаметени досега во Србија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.