Коронавирусот ја спасил од силување: Девојка со кашлање го избркала напаѓачот

Кинескиња со кашлање избркала маж, кој сакал да ја силува. Таа му кажала дека само што се вратила од кинескиот град Вухан, по што силувачот избегал.
Осомничениот, идентификуван од полицијата како 25-годишен Сјао, влегол во спалната соба на жртвата (идентификувана како Ји), која живее во градот Jингшан во близина на Вухан.
Кога била нападната, жената во очај извикала: Штотуку се вратив од Вухан, инфицирана сум, во карантин!.Потоа со кашлање се обидела да го турне Сјао, кој ја грабнал за вратот и ја покрил устата со раката, соопшти локалната полиција.


Кога Сјао го слушна тврдењето на неговата жртва дека таа добила коронавирус, тој се исплашил и избегал. Но, пред тоа и украл 3.080 јуани (480 евра), според „Дејли меил“.
Сјао, придружуван од неговиот татко, се предаде на полицијата во понеделникот. Тој се изјасни за виновен и сега е во притвор.
Бројот на заразени со коронавирус во Кина се зголемува. Досега од оваа болест умреле најмалку 427 лица, а над 20.000 се заразени.

ПОВЕЌЕ ЗА ВИРУСИТЕ ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА!!!

Се за КОРОНА ВИРУСОТ ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА

За ВАКЦИНИТЕ ПОВЕЌЕ ТЕКСТОВИ ТУКА

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.