КОРОНАВИРУС: Досега 711 потврдени случаи во Македонија, 32 со фатални последици

КОРОНАВИРУС: Досега 711 потврдени случаи во Македонија, 32 со фатални последици

Во однос на редовната дневна статистика, потврдени 48 нови случаи на Ковид 19 во изминатото деноноќие. Со ова вкупно во земјата се 711 дијагностицирани пациенти.

Новодијагностицираните се по градови: Скопје -11, Куманово – 25, Штип -1, Прилеп – 4, Тетово – 1, Струга – 3, Охрид -1, Гостивар -2.

Во текот на изминатото деноноќие имавме и рекорден број на тестови, точно 496.

Денеска од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби со два негативни теста на Ковид-19 се испишани 3 оздравени пациенти, двајца од Тетово и еден од Куманово. Два пати негативен и оздравен е пациент од Скопје кој се лекуваше во домашни услови.

Согласно извештајот на Институтот за јавно здравје, во денешната статистика ќе бидат евидентирани 2 претходно починати лица. Едно лице од Лабуништа – Струга (63г) за кое Министерството информираше на 5 април. Пациентот беше донесен во тешка состојба на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, а неговиот тест е изработен постмортем. Во денешната статистика на ИЈЗ ќе биде евидентиран и починатиот притвореник од Истражниот затвор во Шутка, за кој информиравме во текот на вчерашниот ден.

ПРОЧИТАЈТЕ УШТЕ И:

Стартува викенд забраната: Полициски час од денеска во 16 часот до понеделник

Заев и Мицковски одат во изолација, позитивен е новинар на Канал5 кој беше во контакт и со двајцата

Радио станици на Пулс24

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.