Коронавирус: Над 3.000 починати во Кина, во Италија повеќе од 3.000 заразени

Бројот на починати од новиот коронавирус во континентална Кина надмина 3.000, откако властите денеска соопштија за нови 31 смртен случај.
Најмалку 3.012 лица досега починале од коронавирусот во Кина, без Хонг Конг и Макао. Повеќето од смртните случаи, вкупно 2.305, се регистрирани во Вухан, главен град на централната провинција Хубеи.
Во последните 24 часа во Кина се потврдени 139 нови случаи на заразени, што е малку повеќе од претходниот ден кога беа пријавени 119.


Со последните бројки, вкупниот број на заразени достигна 80.409, а вон Хубеи се регистрирани само пет нови случаи, соопштија здравствените власти.
Според последните податоци на Интернет страницата Ворлдметерс во светот досега се пријавени вкупно 95.488 случаи на зараза со Ковид-19 од кои 53.689 оздравеле, а 3.284 лица починале.
Вон Кина, најмногу заразени има во Јужна Кореја (5.766) и во Иран (2.99 22).
Во Италија се регистрирани вкупно 3.089 заразени од кои 107 починале, а 276 оздравеле.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.