КОРОНАВИРУС: Над 5 милиони заразени во светот

КОРОНАВИРУС: Над 5 милиони заразени во светот

Во светот само за 24 часа се регистрирани над 105.000 нови случаи на заразени со коронавирусот. Ова е најголем скок на дневно ниво на заразени од почетокот на пандемијата. Генералниот директор на СЗО Тедрос Гебрејесус, денеска ова го изјави за медиумите. Две третини од тие случаи се регистрирани во четири земји и тоа САД, Русија, Бразил и Индија.

Среќна околност е што околу 2 милиони луѓе веќе се сметаат за излечени. Но научната фела сеуште има дилеми дали е можно повторно заразување на веќе излечени.

Во последно време опасно жариште на КОРОНА ВИРУСОТ станува Бразил. Се на таа тема прочитајте:

Бразил на праг на голема катастрофа, КОРОНА ВИРУСОТ во стампедо

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.