Уште првиот ден коронавирусот влезе во белградско основно училиште, а против родителите на детето кое е заразено, Министертвото за образование поднело пријава до Центарот за социјална работа против повреда на безбедноста на другите деца и несовесно однесување.
Според информациите кои ги пренесе „Блиц“, станува збор за улилиштето „Браќа Јерковиќ“ во Железник. Станува збор за ученик од трето одделение, а неговата мајка го испратиле денеска, иако ги чекале резултатите од коронавирус. Ученикот бил тестиран на 31 август.
Кога дознале дека има позитивен тест, мајката веднаш ја известила учителката, но веќе било доцна, бидејќи тој ги минал часовите заедно со другите деца.