КОРОНАВИРУС: 1 МИЛИОН ЗАРАЗЕНИ ГЛОБАЛНО!!

КОРОНАВИРУС: 1 МИЛИОН ЗАРАЗЕНИ ГЛОБАЛНО!!

Официјално, заразени од КОРОНАВИРУСОТ во светов има повеќе од 1 милион. Починатите се веќе над 50 илјади. А како критични се водат дополнителни 37 илјади.

Подолу листата на 15 најзасегнати држави од пандемијата.

Најзасегнати се САД со пријавени, односно откриени над 235 илјади случаи. Потоа следуваат Италија, Шпанија, Германија…

Црните статистики покажуваат дека Шпанија има најголем број на пациенти во критична состојба – 6.092, во САДсе 5.412 а во Италија се 4.053 лица.

Стапката на смртност е највисока во Италија со 230 починати на еден милион жители, додека во Шпанија е 216 додека стапката на заразени на еден милион луѓе во Шпанија е 2.358, во Италија – 1.906, Германија  – 1.006 и САД со 712 лица.

Холандија и Белгија исто така известуваат за значителна смртност за еден ден; Така, во Холандија во последните 24 часа починале 166 лица, а 183 во Белгија.

За само две недели, пандемијата на коронавирусот остави без работа 10 милиони Американци во најбрзиот и најшокантен колапс на пазарот на труд кој земјата било кога го доживеала.

По избор на уредникот прочитајте уште и:

СЛУШАЈТЕ СИ МУЗИКА ДОДЕКА ЧИТАТЕ ВЕСТИ: 

Радио станици на Пулс24

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.