КОРОНАВИРУС: 18 нови случаи, 3 починати, биланс во последните 24 часа

КОРОНАВИРУС: 18 нови случаи, 3 починати, биланс во последните 24 часа

Филипче ги објави новите статистики поврзано со пандемијата на КОРОНАВИРУСОТ во земјава.

Во изминатите 24 часа потврдени се 18 нови случаи на ковид-19.

По градови: – Скопје – 2 – Куманово – 9 – Штип – 2 – Тетово – 2 – Велес – 1 – Гостивар – 1 – Пехчево – 1 Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1225 лица.

Починати се 3 пациенти позитивни на Ковид-19. На инфективната клиника почина една пациентка од Лабуништа на 46 годишна возраст, примена на 29 март, а подолг временски пердиод била на механичка вентилација, и еден 71 годишен пациент од Прилеп, лекуван на клиниката од 15 април.

Жестоки протести против карантинот избувнаа во Париз

Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Куманово на 63 годишна возраст, хоспитализирана во тешка состојба на 6 април и веднаш поставена на респираторна машина.

Со денешните оздравени 21 лице, досега имаме оздравени вкупно 200 пациенти. Од денешните оздравени 16 се од Скопје, 3 од Куманово и 2 од Штип, сите се лекуваа во домашни услови.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.