КОРОНАВИРУС: 37 нови случаи, а починаа 2 пациенти во послените 24 часа

КОРОНАВИРУС: 37 нови случаи, а починаа 2 пациенти во послените 24 часа

Регистрирани се 15 излекувани пациенти, 6 од болничко лекување и 9 кои се се лекуваа во домашни услови.

Потврдени се нови 37 случаи на коронавирус во земјава. – Скопје 8 – Куманово 9 – Прилеп 5 – Тетово 3 – Велес 3 – Охрид 8 – Кочани 1

Починаа двајца пациенти позитивни на КОВИД-19. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на возраст од 66 години и во ГОБ „8 септември“ пациент од Штип на возраст од 83 години, и двајцата со претходни коморбидитети.

Во изминатото деноноќие направени се 314 теста, а вкупно досега 11870 тестирања на коронавирусот.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 1207. Во Скопје 409, во Куманово 329, пациенти, Дебар 51, Штип 32, Прилеп 117, во Тетово 55, Струга 55, Велес 58, во Битола 17, Охрид 15, Кавадарци 4, Гостивар 12, Гевгелија 4, Струмица 2, во Крива Паланка 4, Радовиш 4, Крушево 3, Кочани 27, Пробиштип 2, Кичево 2, Неготино 2, Демир Хисар 1 и Македонски Брод 2.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.