Короната дивее во Аргентина: Оборен нов неславен рекорд!

Уште 12.259 случаи на инфекција со коронавирус се потврдени во Аргентина, што претставува најголемо дневно зголемување на бројот на пациенти од почетокот на пандемијата.

Вкупно 512.293 лица се заразени во земјата, пренесува ТАСС податоци на аргентинското Министерство за здравство.

Во изминатите 24 часа, 253 пациенти починале , а вкупниот број на смртни случаи бил 10.658.

Мексико пријави нови 4.647 потврдени случаи на коронавирус, а други 611 лица починаа од инфекцијата.

Вкупно биле заразени 647.507 лица, а починале 69.095 лица, пренесува Ројтерс.

Мексико е на седмото место во светот според бројот на заразени со коронавирусот и трето по бројот на смртни случаи, по САД, Бразил и Индија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.