Корона блокада за Вардар: Без натпревари до крај на годината – има дури 12 позитивни!

Уште еден ракометар на Вардар од денеска е на листата на позитивни во тимот на Вaрдар, а со тоа бројката на играчи кои се позитивни на Ковид 19 се искачи на 11 ракометари и еден од физиотерапевтите.
Ова значи дека во следните две недели нема да може да се тренира односно да се работи во комплетен состав така што најверојатно до крајот на 2020 година нема да има повеќе натпревари за екипата на Вардар.
Тренерот на екипата, Стевче Алушовски се наоѓа во незгодна ситуација бидејќи и понатаму не може да одработи тренинзи како што планира односно постојано има прекини. Сето тоа влијае и на формата и на играта, а новата изолација само дополнително ги искомпликува работите, пишува 24Ракомет.
Сепак, постои мала надеж дека дел од ракометарите би можеле на тренинг, но индивидуален и тоа во теретана, но прво мора да се добие негативен тест, а тестирањето би требало да биде направено деновиве.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.