понеделник, 16 ноември 2026
Најново

Корубин: Системски се губат критериумите поради кои Охрид е ставен на листата на заштитени подрачја

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Ние во основа ги губиме, да не кажам дека ги изгубивме, причините поради кои Охрид и Охридскиот регион, тоа денеска се три општини – Охрид, Струга и Дебрца, огромна територија, се ставени во 1979, 1980 година на листата на заштитено светско наследство, истакна м-р Никица Корубин, археолог и историчар на уметност.

„Тие критериуми поради кои е ставен Охрид на листата на заштитени подрачја, во однос на културното и природното наследство, систематски се губат. Систематски се губат поради негрижата на државата и тоа е еден сложен систем на негрижа во кој верувам дека вина има секој, а од друга страна истата таа држава лобира за постојано одложување на неодложното“, смета Корубин.

Поврзани вести