“Космички бумеранг” ќе биде отворена во Културно- информативен центар на Р.С.Македонија во Истанбул, Р.Турција на 16-ти Октомври

По успешната презентација на тековното творештво на меѓународен план академскиот ликовниот уметник Зоран Арсовски – Бабата продолжува со промовирање на својата најнова продукција и претставување на нашата држава овој пат во Турција во градот Истанбул, претставувајќи 20-тина дела во вид на една компактна колекција со наслов  “Космички бумерангКога сме кај компактноста и континуитетот во разработка на некои оригинални идеи, можеме да забележиме една нова техника на изработка со композитен материјал (епокс смола во комбинација со силикати и бои) на сликарско платно. Поради високата стручност и знаење како и повеќегодишното искуство на Арсовски во областа на користење на ликовните материјали и техники, за истиот можеме да кажеме дека е еден од првите уметници на овие простори во развојот и употребата на горенаведениот материјал за изработка на едно ликовно дело на сликарско платно. Самата идеја е презентирање на визијата на Арсовски за космичките пејзажи и перманентни движења на космичката маса како еден процес којшто во окото на гледачот може да предизвика повеќе асоцијации па и поврзување со нашиот материјален свет, на оптичката сензација предизвикана од експресивниот колорит и авторовата емоционална состојба во моментот на креирање дела прави линк којшто отвора еден дискурс на релација човек – космос. Сето тоа изведено со живи и силни бои, создавајќи чувство на огромна енергија и движење, зајакнато со блесокот од рефлексот на употребениот материјал – кај гледачот предизвикува големо внимание.

Изложбата ќе биде отворена на 16-ти Октомври (петок) 2020 година во 14.00 часот  во Културно – информативниот центар (КИЦ) на Р.С.Македонија во Истанбул, Р.Турција. Проектот е од национален интерес во културата од годишната програма за 2020 год. кој е поддржан од нашето Министерство за култура.

Зоран Арсовски – Бабата е роден 1980 год. во Куманово, Дипломирал 2005 год. и Магистрирал 2007 год. на Националната Ликовна Академија во Софија Р. Бугарија насока Сликарство во класата на професорите Божидар Бијаџиев и Станислав Памукчиев. Член е на Друштвото на Ликовни Уметници на Македонија (ДЛУМ). Досега има реализирано 13 самостојни изложби, учествувано на повеќе групни меѓународни ликовни колонии, изложби, проекти и симпозиуми во земјава и странство. Работи во Национална установа центар за култура “ТрајкоПрокопиев”- Куманово како Стручен соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура. Има работно искуство во сферата на штафелајско сликарство во познатите класични и негови нови сликарски техники, изработува фреско живописи, икони, сценографии, илустрации и дизајн.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.