– Заменичката на косовскиот премиер и министерка за надворешни работи и дијаспора на Косово, Доника Гервала, која престојува во работна посета на Германија, разговараше со сојузниот министер за одбрана на Германија, Борис Пистрориус.
Клучни теми на нивниот состанок беа соработката на двете земји во зачувувањето на безбедноста и стабилноста во регионот, усогласувањето на одбранбената и безбедносната политика и интеграцијата на Косово во НАТО, соопшти косовското МНР.
- (Фото) ИДНИОТ СЕ СРЕТНА СО СЕГАШНИОТ; Бајден му вети „мирна транзиција“ на ТрампПретседателот на САД Џо Бајден денеска му порача на новоизбраниот претседател Доналд Трамп- прочитај повеќе
- Орце Ѓорѓиевски со задоволство би прифатил да биде градоначалник на СкопјеГрадоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, во своето гостување во емисијата ,,За- прочитај повеќе
- Борел: Сакаме војната во Украина да заврши што е можно поскороСакаме војната во Украина да заврши што е можно поскоро, но важно е- прочитај повеќе
- Внуката на Трамп објави фотографија од својот дедо од приватна архива: Сите се шокирани како изгледа новиот претседател на Америка без шминка (ФОТО)Додека води важни разговори и преговори, неговите деца и внуци објавуваат слики од- прочитај повеќе
- Автомобили завршија во море поради обилните врнежи на СицилијаАвтомобилите беа однесени од поројна вода во близина на градот Рипостo на источниот- прочитај повеќе
Министерката Гервала го известила Писториус за безбедносната ситуација во Косово и во регионот, за континуираните заканувачки акции на Србите и за потребата од преземање брзи и одлучни чекори за зачувување на кревкиот мир во регионот. Таа побара зголемување и јакнење на улогата на Германија во регионот.
Гервала му се заблагодари на германскиот министер за одбрана за соработката во областа на безбедноста, особено за големата поддршка што Германија ја дава во изградбата на капацитетите на Косовските безбедносни сили, како и за долгогодишниот придонес на Германската воена мисија во рамките на НАТО на Косово (КФОР).
Во соопштението се наведува дека овој состанок е одржан пред посетата на германскиот министер за одбрана Писториус на Косово.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.