– Заменичката на косовскиот премиер и министерка за надворешни работи и дијаспора на Косово, Доника Гервала, која престојува во работна посета на Германија, разговараше со сојузниот министер за одбрана на Германија, Борис Пистрориус.
Клучни теми на нивниот состанок беа соработката на двете земји во зачувувањето на безбедноста и стабилноста во регионот, усогласувањето на одбранбената и безбедносната политика и интеграцијата на Косово во НАТО, соопшти косовското МНР.
- Кога всушност започнува средната возраст? Научниците го имаат одговоротМожеби веќе сте влегле во средна возраст без дури и да го сфатите… Read more: Кога всушност започнува средната возраст? Научниците го имаат одговорот
- Во Германија се сиромашни, а еве колку заработуваат: Објавена е листата на плати во моќната земја, а еве кој е богатМногу луѓе во Германија веројатно си го поставуваат ова прашање: Колку сум богат… Read more: Во Германија се сиромашни, а еве колку заработуваат: Објавена е листата на плати во моќната земја, а еве кој е богат
- Повторно судири меѓу демонстрантите и полицијата во Тирана, полицијата употреби солзавецВо Тирана, за време на студентскиот протест, дојде до судир меѓу демонстрантите и… Read more: Повторно судири меѓу демонстрантите и полицијата во Тирана, полицијата употреби солзавец
- Вклучете ги овие состојки во вашиот утрински пијалок и зајакнете го вашиот имунитетСо доаѓањето на сезоната на настинки и грип, постојат голем број начини на… Read more: Вклучете ги овие состојки во вашиот утрински пијалок и зајакнете го вашиот имунитет
- 3 работи што влијаат на шеќерот во крвтаШеќерот во крвта, или глукозата, е главен извор на енергија во телото. Луѓето… Read more: 3 работи што влијаат на шеќерот во крвта
Министерката Гервала го известила Писториус за безбедносната ситуација во Косово и во регионот, за континуираните заканувачки акции на Србите и за потребата од преземање брзи и одлучни чекори за зачувување на кревкиот мир во регионот. Таа побара зголемување и јакнење на улогата на Германија во регионот.
Гервала му се заблагодари на германскиот министер за одбрана за соработката во областа на безбедноста, особено за големата поддршка што Германија ја дава во изградбата на капацитетите на Косовските безбедносни сили, како и за долгогодишниот придонес на Германската воена мисија во рамките на НАТО на Косово (КФОР).
Во соопштението се наведува дека овој состанок е одржан пред посетата на германскиот министер за одбрана Писториус на Косово.
Пронајдете не на следниве мрежи:


